Препуштете ни ја грижата за чист воздух

Со прочистувачите на воздух на Daikin, ви ветуваме почист, поздрав и посвеж воздух.

Ефикасни за чистење на воздухот и отстранување:

Вируси

Алергени

Честички прав

Непријатни мириси

Тестирано од

9,98 % од коронавирусот отстранет за 2,5 минути*

Тестирано од институтот Pasteur de LilleСпоред изведените тестови во лабораториите на институтот Pasteur de Lille, прочистувачите на воздух на Daikin за 2,5 минути* отстрануваат повеќе од 99,98 % од човечкиот коронавирус HCoV-229E*. Вирусот спаѓа во истата фамилија со SARS-CoV-2, коронавирусот што е причина за пандемијата COVID-19.

Проценето е и дека за 2,5 минути* единиците имаат ефективност од 99,93 % против вирусот H1N1 .
H1N1 е вирусот што го предизвикува обичниот грип. Ова значи дека прочистувачите на воздух на Daikin се дополнителна мерка во борбата против респираторните болести. Нашите компактни прочистувачи што работат на принципот приклучи-и-пушти, чијашто ефективност се постигнува благодарение на комбинацијата од електростатички HEPA-филтер со високи перформанси, којшто го заробува вирусот и потоа го изложува на патентираната технологија Flash Streamer на Daikin, со што се отстранува вирусот, може силно да придонесат кон тоа да се намали на ризикот од пренесување респираторни вируси.

 

Ефикасни против алергени и признаени од BAF (Британска фондација против алергии)

Печатот за одобрување на Allergy UK уверува дека производот е ефикасен при намалување на бројот на малите честички, меѓу кои спаѓаат и алергените, бактериите и вирусите.

Признаениот квалитет во борбата против алергии на овој производ/услуга е сертифициран од страна на фондацијата „Европски центар за истражување во областа на алергии“

Независен совет од 15 врвни меѓународни научници и техничари ги развија критериумите што ги користи ECARF за процена на различни групи производи. Во нив спаѓаат максимални вредности и критериуми за исклучоци што ја прават алергиската реакција невообичаена. Критериумите редовно се ажурираат за да ги одразат најновите научни откритија. Еден производ го добива печатот кога ќе може да се докаже, преку ревизија и истражувања, дека се исполнети критериумите. Прочистувачите на воздух на Daikin ги поминаа овие тестови и може да се сметаат за неалергенски. ​

Без трошоци за одржување најмалку 10 години

Не треба да се менуваат филтрите во првите 10 години, со што се избегнуваат дополнителни трошоци.

Најтивката линија прочистувачи на воздух на европскиот пазар

Нашите прочистувачи на воздух работат тивко (ниво на звучен притисок: 19 dBA) и незабележливо.

Компактност и перформанси

Мали но совршени за големи површини.

1
Залагајте се за здрав имунолошки систем
Контролирајте ја влажноста
f
Заштитете ги своите сакани
/
Одржувајте го воздухот свеж

Вдишувајте чист и здрав воздух

Прочистувачите на воздух на Daikin ги намалуваат симптомите на асма и алергија со тоа што ги отстрануваат честичките од прав и полен и ги филтрира бактериите и вирусите што се пренесуваат преку воздух.

Влажноста е важен фактор за здрава кожа

Тенкиот резервоар за вода на прочистувачот на воздух внесува влажност во воздухот кога е сув и го спречува сушењето на дланките или будењето со суво грло.

Одржувањето свеж внатрешен воздух е важно за вашето здравје

Според Allergy Uk, луѓето денес просечно поминуваат 90 % од времето во затворен простор. Па затоа добриот квалитет на внатрешниот воздух е важен за вашето здравје.

Чистиот внатрешен воздух е особено важен за ранливите групи, како на пример, малите деца и постарите лица, но и за лицата што имаат респираторни болести и алергии.

Одржувајте го воздухот свеж

Нашите прочистувачи на воздух елиминираат непријатни мириси за да може домот да ви мириса свежо и чисто. Прочистувачот на воздух на Daikin е дизајниран да се справи со штетните честички, правот, непријатните мириси, бактерии, влакна од миленици, мувла, полен, грини и други алергени, со што создаваат чист и здрав внатрешен воздух.

1 Моќно вшмукување

Внесува воздух преку голем простор од 3 насоки.

2 Ефективно заробување на загадувачите

Ефикасно заробува прав и загадувачи со електростатички HEPA-филтер.

3 Разложување

Ја користи технологијата со стример на Daikin за да ги разложи, со оксидација, штетните супстанци заробени во филтерот.*

Забелешка:

1 Тестирањето го извршува: Kitasato Research Center for Environmental Science; Сертификат за резултати од тестот 21_0026 (издаден од истата организација); Резултат од експериментот: 99,9% отстранување на A-H1N1 вирус после 1 час.

Силно развлажнување за да ве заштити од сув воздух и вируси

Ја штити кожата, грлото и ноздрите од сушење.

Штити од вируси со одржување соодветна влажност во просторијата.

Одржува удобно ниво на влажност во просторијата (40 до 60% релативна влажност)

Стримерот елиминира бактерии на филтерот за развлажување.

HEPA-филтер со високи перформанси што ги задржува ситните честички прав

Отстранува 99% од бактериите со големина помеѓу 0,1 μm and 2,5 μm

1

Филтерот ефикасно собира прав со електростатички сили. 

Електростатички HEPA-филтер

Отстранува 99,97% од ситните честички со големина од 0,3 μm. Влакната на филтерот се полнат со статички електрицитет и заробуваат честички ефикасно. Не се затнува лесно, па затоа предизвикува само мала загуба на притисок.

2

Затоа низ филтерот може да помине голема количина воздух.

ПРОТИВ

 

3

Филтерот може да исчисти голема количина воздух!

Неелектростатички филтер

Затоа што заробува честички според големината на мрежата, филтерот треба да биде поситен, со што може полесно да се затне и да предизвика поголема загуба на притисокот.

Компактен, ефективен и тивок благодарение на новата иновативна структура

Кошница0
Нема приозводи во кошницата
Продолжи
0